Во Саудиска Арабија убиен еден од идеолозите на Ал Каеда
Фарес ал Шуваил, кој се смета за еден од идеолозите на терористичката организација Ал Каеда, е убиен синоќа во групата од 47 осудени лица на смрт во Саудиска Арабија, пренесе денеска весникот „Араб њуз“.
Весникот наведува дека Шуваил, чиј прекар бил Аву Џундул ал-Азди, ја бранел Ал Каеда и правел студии и истражувања кои ги поддржувале нивните операции.
Шуваил е усапсен во август 2014 година во планинскиот регион на Абу Кајал, во близина на популарното туристичко место во Абхи, на југот во Саудиска Арабија.
До неговото апсење дошло неколку дена откако бил уапсен верскиот теоретичар Ејсе ал Аваиипин.
Важноста на Фарес ал Шуваил е неговата посветеност на операциите на Ал Каеда и посветеноста на „терористичкиот отпор“ против верските ученици, противници на Ал Каеда.
Тој објавил дека користел друго име за објавување на своите студии веднаш од кога бил ставен на листата за најбарани лица во светот.
