Во Сао Паоло протестираа 50.000 лица
Окулу 50.000 лица се собраа на митинг пред градската катедрала во најголемиот град на Бразил, Сао Паоло на уште еден гласен протест против високите даноци и цени, нискиот квалитет на јавни услуги и корупцијата во владеењето, пренесоа американските медиуми.
И покрај доминантно мирниот карактер на протестот, мали групи радикални луѓе влегоа во судири со полицијата, а некои почнале и да ги ограбуваат продавниците.
Властите во најмалку четири града се согласија да ги вратат старите цени на билетите, но не е познато дали тоа ќе ги смири луѓето во земјата, затоа што протестите на Бразилците се и заради нивната тешка борба за преживување, посочуваат американските медиуми.
Честа парола, што тие ја скандираа на митинзите е : „Без партии“.
Масовните проести минатата недела се проширија во повеќе места во Бразил, предизвикани од лошиот кавалитет на јавниот транспорт и поскапувањето на билетите за патување од 10 проценти.
Претседателот на Бразил, Дилма Русеф, вчера изјавила дека масовните протести се легитимен повик за подобра јавна служба и поодговорна влада, на сите нивоа и дека на тој начин се зацврстила бразилската демократија.
Таа, меѓутоа, не кажала кои мерки нејзината влада ќе ги преземе за да одговори на забелешките на граѓаните, кои ги започнаа најголемите протести во таа земја во последните 20 години.
Претходните денови на улиците на бразилските градови се собрале околу 240.000 луѓе, а во Рио де Жанеиро и градовите Порто Алегре и Бело Хоризонте имало жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.
