Во самоубиствен напад во Пакистан загинаа кинески работници
Жена изврши самоубиствен напад во Пакистан, при што загинаа 4 луѓе, од кои 3 биле работници од Кина.
Бомба во јужниот дел од Пакистан разнесе возило во кое се наоѓале кинески државјани. Несреќата се случи во кампусот на универзитетот во Карачи. Ослободителната војска на Балучистан (БЛА) „ја презема одговорноста за самоубиствениот напад“ врз комбето во близина на Кинескиот институт поврзан со универзитетот во Карачи, објави групата на Телеграм.
БЛА наведува дека со овој напад мисијата за прв пат ја извршила жена самоубиец. Лани најмалку девет кинески работници кои работеле на проект за хидроелектрана се убиени во северниот дел на Пакистан кога бомба која била поставена покрај патот го погодила автобусот што ги превезувал.
фото ЕПА
