Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Салцбург ќе нема топла вода во училиштата и градинките

Во Салцбург ќе нема топла вода во училиштата и градинките

Салцбург ќе штеди. Топлата вода ќе биде исклучена во градинките и училиштата поради што родителите се загрижени. 

Ова не важи за противпожарните станици, кантините, училиштата за деца со пречки во развојот, соблекувалните во градинките и тушевите во спортските сали.

За да ја постигне целта од заштеда на енергенти од 11 отсто, австрискиот град Салцбург презема мерки, пишува весникот „Салцбургер Нахрихтен“.

До средината на месецов може да се стави вето на одлуката на градските власти. Ако тоа не се случи одлуката стапува на сила.

Во повеќе европски земји има протести поради мерките за штедење. 

Неколку илјади германски граѓани синоќа повторно протестираа во неколку источногермански провинции против енергетската политика на владата, инфлацијата и последиците од војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести