Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во САД штрајк на вработените во фабриките за брза храна – бараат двојно поголема дневница

Во САД штрајк на вработените во фабриките за брза храна – бараат двојно поголема дневница

Во фабриките за брза храна во САД, илјадници работници вчера одржаа еднодневен штрајк во неколку десетина градови во обид да издејствуваат зголемување на платите и остварување на правото за синдикално здружување. Штрајкот претставува кулминација на кампањата што почна минатиот ноември кога 200 работници во Њујорк почнаа демонстрации што во јули се проширија во Детроит и Чикаго.

Илјадници вработени во фабриките за брза храна ја запреа работата и излегоа на улиците скандирајќи “Не можеме да преживееме со 7,25 долари“ и „Сакаме super size плати“. Тие побараа од компаниите за брза храна да им обезбедат плата од 15 долари на час, што е двојно повеќе од сегашната мининална плата во земјата од 7,25 долари на час.

Њујоршката група наречена „Fast Food Forward“, напиша отворено писмо до компаниите „McDonald’s“, „Wendy’s“, „Burger King“, „Taco Bell“, „KFC“, „Pizza Hut“, „Domino’s“  и „Papa John’s“, истакнувајќи ја разликата меѓу профитот што тие го прават и платите што ги исплатуваат на работниците.

Слично

Поврзани вести