Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во САД од 11 мај влез без задолжителна вакцинација

Во САД од 11 мај влез без задолжителна вакцинација

Вонредната состојба поврзана со коронавирусот, воведена од поранешниот американски претседател Доналд Трамп на почетокот на 2020 година, истекува во САД на 11 мај, што значи дека од овој датум во земјата ќе може да влегуваат и невакцинирани странци.

Горниот дом претходно гласаше со 68 „против“ и 23 „за“ за ставање крај на вонредната состојба. Минатиот месец, Претставничкиот дом, исто така, гласаше со 229 „за“, 192 „за“ за укинување на декларацијата. Потоа следуваше потпис од претседателот Џо Бајден за одобрување на оваа одлука.

Укинувањето на вонредната состојба значи дека  невакцинираните странци ќе можат без проблем да влезат во Америка, а тоа ќе важи и за федералните вработени. Одделот за внатрешна безбедност, исто така, вчера соопшти дека почнувајќи од 12 мај повеќе нема да бара од патниците кои не се државјани на САД и кои влегуваат во земјата преку копнени контролни пунктови или на фериботи да се вакцинираат против ковид и да обезбедат доказ за вакцинација.


Слично

Поврзани вести