Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во САД цигарите се забранети, ама ќе се пуши марихуана во ресторани

Во САД цигарите се забранети, ама ќе се пуши марихуана во ресторани

Сојузната држава Колорадо и градот Денвер започнаа нова иницијатива со која ќе се дозволат нови слободи за користењето на марихуаната и голем број на ресторани и кафулиња ќе може да аплицираат за дозвола нивните муштерии да запалат џоинт во локалите. 

Денвер е оценет како најпријателскиот град во САД за употреба на марихуана која целосно е легализирана и може да се купи во специјализирани продавници. Според иницијаторите на новата регулатива на овој начин пушачите на канабис ќе добијат исти права како и тие кои конзумираат алкохол на друштвени локации. 

Локалите ќе треба да создадат издвоени тераси на кои ќе се собираат пушачите со џоинти, па на овој начин ќе и се олесни и работата на полицијата која нема да ги опоменува каде не смеат да пушат. Секако, законот против пушењето на цигарите и натаму се спроведува целосно.


Слично

Поврзани вести