Во САД биле создадени 203.000 нови работни места
Новоформираните работни места во САД изнесувале 203 000 за ноември , што се покажа над просечните очекувања на пазарот за 180 000 нови работни места во изминатиот месец . Во исто време нивото на невработеноста се намалилa до 7 %, што беше под просекот на очекувањата на пазарот за невработеност од 7,2 % .
За споредба, во октомври новоформираните работни места во САД изнесувале 204 000 . Податоците ги зголемија очекувањата дека ФЕД ќе прибегне побрзо до обесхрабрување на стимулациите , што ќе се одрази позитивно на доларот .
Американската валута поскапе во однос на останатите главни валути , и се тргува на ниво од 1.3630 во однос на еврото , откако пред податоците се тргуваше на ниво од 1.3660 . Доларот поскапе и во однос на јенот до нивоа на трговија од 102.65 јени спрема 102.15 пред тоа .
Просечните очекувања на пазарот беа дека ФЕД ќе го стартува ограничувањето на стимулациите за американската економија по март следната година . Во очекување на податоците индексите на пазарите додадоа помалку од 0,1 % за оваа недела , намалувајќи ја загубата до 1,9 % .
Слично
