(ВИДЕО) Во руски ски-центар се отвори огромна дупка, наредена евакуација на жителите
Голема дупка во земјата широка 30 метри се отвори во близина на популарниот ски-центар Шерегеш во Русија, во близина на рудник за железо.
Воздушните снимки покажуваат џиновска дупка која се формира во близина на автопатот и куќите.
Друго видео снимено од земја покажува автомобили кои поминуваат по патот во близина на отворената дупка.
Една куќа е токму на работ на бездната, со што се добива вистинска претстава колку навистина е голема дупката.
- Слегнувањето на површината на земјата во границите на рударската парцела беше предвидливо. Жителите на куќите бр. 14, 16, 18 и 20 на улицата Первомајскаја беа преместени пред уривањето - рече портпаролот на округот Таштагол и додаде дека работата во рудникот е прекината.
Bahsettiğim Rusya kayak merkezi yanında açılan dev krater genişliyor.
— Reptilian Planet (@reptilianplanet) December 14, 2022
Kemerovo bölgesindeki Sheregesh kayak merkezi - Rusya#Planetx #nibiru pic.twitter.com/Ly3fIsC7bD
Фото: Принскрин/Твитер
