Во руски напад загина млада брачна двојка која го чекала своето прво дете
Брачна двојка која го очекувала своето прво дете загина при руски напад во украинскиот град Киев.
Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи ја соопшти веста.
„Бохдан и Викторија, двајцата на 34 години, беа пронајдени мртви. Исто така, беше објавено дека го очекувале своето прво дете за неколку месеци. Толку многу болка поради терористичката Русија“, напиша Герашченко.
Украина бара противвоздушна одбрана. Украинските власти објавија дека најмалку седум луѓе загинале во руските напади врз главниот град Киев и други делови во јужна и источна Украина. Пред една недела руски проектили убија најмалку 19 луѓе во земјата.
Русите со дронови вршат напади во Украина. Руската страна тврди дека се одмаздува за нападот во Белгород. Војната почна на 24 февруари.фото Твитер принтскрин
Слично
