ВО РУСИЈА ЖИВЕАТ МНОГУ НАРОДИ КОИ ЗБОРУВААТ РАЗЛИЧНИ ЈАЗИЦИ: Објавена е мапа како би изгледала земјата ако се подели
Поделбата на Русија, била главна тема на состанок на Комисијата за европска безбедност и соработка одржан пред неколку дена. Под терминот „деколонизација“ комисијата која е надгледувана од Конгресот на САД, зборувала за можните сценарија за крај на војната во Украина која го открила злобното лице на Руската Федерација. Тие предвидуваат и дефедерализација на сегашната федерална држава, пишува Б92.
Мапата на поделба на Русија е стар проект од времето на СССР. Како и тогаш, така и денес во Руската Федерација и денес живеат многу народи кои зборуваат различни јазици. Затоа е предвиден татарски дел, Уралска Русија, Алтај…како и европски дел. На состанокот се зборувало и за руската агресија врз Сирија, Либија, Грузија и Чеченија, области кои, поради овие конфликти ја зајакнаа својата национална самосвест.
Поделбата на Русија би била механизам за „пресметка со основниот руски империјализам и потребата од деколонизација на Русија за да стане одржлив актер во европската безбедност и стабилност“. Во западниот наратив, Русите ќе мора да се ослободат од Путин за да ги уживаат плодовите на демократијата.
Ако може да се зборува за централната руска држава, а не за земјата во нејзините сегашни граници, тогаш може да се тврди дека ова јадро е всушност многу помало од денешна Русија кога сите „империјални освојувања“ се изложени, вклучувајќи го и поголемиот дел од Сибир пред 1721 година, кога Русија станала империја.
Татарстан, населен руски регион на Волга, е уште еден пример. Минатата година, 55 отсто од учениците во главниот град Казан го избрале татарскиот јазик за свој мајчин јазик, па заговорниците се прашуваат дали оваа област, која во 1552 година ја освоил Иван Грозни, навистина е дел од јадрото на Русија. Тие го наведуваат истото за регионот Тува, кој се приклучил на Советскиот Сојуз дури во 1944 година и доживеал сепаратистички немири во раните 1990-ти, како и за Дагестан, освоен на почетокот на 19 век, каде што помалку од четири проценти од студентите учат руски како нивни мајчин јазик.
Друг аргумент е дека овие области денес би биле независни држави доколку Советскиот Сојуз ги конституираше како „федерални републики“ наместо како „автономни републики“ во рамките на Русија.
Една од многуте мапи за замислената поделена Русија што може да се најде на Интернет, ѝ остава на Руската Федерација само нејзината западна територија. По него би следеле „Коми“ и „Република Урал“, потоа „Сибирска Република“, „Република Саха“ и „Република на Далечниот Исток“.
На крајниот југ би биле „Алтај“, „Тува“ и „Бурјатија“, додека на југозапад би имало осум мали републики – „Мордовија“, „Татарстан“, „Удмуртија“ …
Војната во Украина и меѓународните санкции тешко ги погодија најсиромашните руски републики, како Дагестан и Бурјатија, од каде што руската армија регрутира најмногу војници. Локалното население е незадоволно од политиката на Кремљ и сега гледа можност конечно да се одвои од Русија.
Постојат знаци дека движењата за независност добиваат на сила во многу руски републики и се закануваат да ја дестабилизираат владата во земјата. Федерацијата се состои од 85 провинции, од кои 22 се републики и секоја има различна етничка структура.фото: твитер/принтскрин