Во Русија започнува првото судење на украински офицер
Првата кривична постапка во Русија против припадник на вооружените сили на Украина, обвинет за насилно одземање на власта и зло на цивили, го зпаочна судскиот процес, објави денеска државната новинска агенција Тас.
Рускиот истражен комитет минатиот јуни објави на Телеграм дека го обвинува постариот наредник Антон Чередник од Маринскиот корпус на украинските сили за наводно злосторство и суровост кон цивилното население.
Тасс, цитирајќи неименувани извори во Јужниот окружен воен суд во рускиот Ростов на Дон, рече дека Чередник е обвинет и за убивање и за обука на терористи.
Ројтерс не беше во можност самостојно да ги потврди извештаите и наводите.
Според извештаите, судот ќе го разгледа случајот „во блиска иднина“.
Слично
