Во Русија стаса новиот сој на коронавирусот, Путин уште не е вакциниран
Првиот случај на инфекција со новиот сој на коронавирус е регистриран во Русија. Лицето пристигнало од Велика Британија, соопшти денеска шефот на руската епидемиолошка инспекција, Ана Попова.
Според податоците на кризниот штаб, во Русија има 561.228 активни случаи.
Во таа земја започна вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“.
Сепак, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков изјави дека до денес претседателот Владимир Путин не ја примил вакцината.
Слично
