Во Русија се спречени 118 „терористички злосторства“ - кој стоел зад нив?
Украина и Западот се обидуваат да ги поттикнат Русите на вооружен бунт, велат руските безбедносни служби.
Шефот на руската служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников денеска ги обвини Украина и Западот дека се обидуваат да ги поттикнат Русите на саботажа и вооружен бунт во позадината на офанзивата во Украина.
„Украинските безбедносни служби и нивните западни шефови започнаа агресивна идеолошка кампања и кампања за регрутирање насочена кон нашите граѓани, особено кон помладата генерација“, рече Бортников на состанокот на Рускиот антитерористички одбор.
Тој изјави дека целта на оваа кампања е да ги вклучи Русите „во субверзивни, терористички и екстремистички активности“ во Русија. Бортников вели дека од февруари во Русија се спречени 118 „терористички злосторства“, кои требало да ги направат „млади и адолесценти, вклучително и малолетници“.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин, ги обвини западните тајни служби дека се вмешани во „терористички“ напади во Русија. На почетокот на март, познатиот руски воен блогер Максим Фомин, познат по својата жестока поддршка на руската офанзива е убиен во бомбашки напад во кафуле во градот Санкт Петербург.
Неколку Руси неодамна се осудени на тешки затворски казни за подметнување пожар во воено полициски станици што се користеле за регрутирање војници. Но, неодамна и чеченските борци од Украина упатија закани до Русите кои не сакаат изградба на голема џамија во Москва.
foto EPA
