Во Русија откриле 242 илјади корупциски кривични дела за пет години
Во последните пет години во Русија се откриени 242 илјади корупциски кривични дела , а во 2013 година за ова се осудени 3500 луѓе , изјави специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за прашањата на меѓународната соработка во борбата против тероризмот и транснационалниот организиран криминал, Александар Змеевски .
9-ти декември се одбележува како Меѓународниот ден на борбата против корупцијата . Русија ја потпиша Конвенцијата на ОН против корупцијата во 2003 година и ја ратификуваше во 2006 година.
„За Русија, искоренувањето на ова зло е еден од главните приоритети на државната политика , залог за нејзиниот успешен развој“ , изјави Змеевски.
Специјалниот претставник потсети дека во земјата е создадена сериозна законодавна база за целта , пред се федералниот закон „за справување на корупцијата". Од 25 декември 2008 година воспоставен е и широк круг функционери обврзани да поднесат извештаи за приходите и имотот .
Слично
