Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Русија ќе се работи само четири дена неделно?

Во Русија ќе се работи само четири дена неделно?
Во Русија во тек е јавна дебата за воведување на 4-дневна работна недела, организирана од Комисијата за вработување, социјална политика и ветерански прашања на оваа земја., Според претседателот на Комисијата Андреј Исаев, важен е бројот на работни часови, а не бројот на работни денови. Плановите на руските власти се да се воведе работна недела што ќе трае четири дена со 10-часовно работно време, наместо сегашните пет работни дена со по 8 часа. Притоа, се инсистира на задржување на висината на платите, а работниците би добиле уште еден ден за одмор. Всушност предлогот е на МОТ (Меѓународната организација на трудот), во чиј состав влегува и Русија, која им нуди на сите свои членки да преминат на четиридневна работна недела, но само Москва од сите нив ја прифатила идејата сериозно. Сепак, медиумите во земјата се скептични дека идејата ќе се реализира, пред се заради ниската продуктивност на трудот во Русија.
Слично

Поврзани вести