Во Русија има рекорден број починати од корона
Рекорден број починати од коронавирусот има во Русија.
За едно деноноќие како последица на коронавирусот починаа 737 лица, што е најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата. Во споредба со минатата недела, бројот на заразени на дневна основа е двојно зголемен. Но, нови рестрикции нема.
Од почетокот на епидемијата, повеќе од 5,6 милиони луѓе биле заразени со вирусот, а 139.316 починале. Се верува дека бројките се поголеми од официјално објавените.
Во средината на јуни заразата доживеа бум во Москва.
Слично
