Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Русија или ќе ја задржиш функцијата или сметките во странство

Во Русија или ќе ја задржиш функцијата или сметките во странство

Според законот ќе бидат разрешени од функцијата руските високи функционери кои до сега не се откажале од банкарските сметки и имотот во странство.

Ова се однесува на пратениците од парламентот, членовите на Владата, претседателската администрација, претставниците на федералните власти, Централната банка и шефовите на државните корпорации.

Во Русија денес истече рокот од три месеци, во кој високите функционери мораа да се определат дали ќе се откажат од функцијата или од банкарските сметки и имотот во странство, вклучувајќи ги и оние кои се водат на име на нивните членови од семејството.

Руските медиуми истакнуваа дека е многу тешко да се пресмета колку функционери се опфатени со овој закон, кој е наречен „национализација на елитата“, како и тоа дека е тешко да се избројат банкарските сметки во странство кои ги имаат функционерите.

Слично

Поврзани вести