Во Русија експлозија на автобуска станица
Едно лице загина, а четири се повредени во силна експлозија на автобуска станица во град во западна Русија.
Неидентификувана експлозивна направа екплодирала околу 15 часот во градот Паши, во Волковското подрачје. На лице место пристигна и Брзата помош. Четирите повредени лица се префрлени во болница. Дел од медиумите пишуваат дека имало расправија помеѓу локалното население кое конзумирало алкохол, по што дошол еден од нив со граната. Инспектори работат на расчистување на случајот и утврдување на причините кои довеле до експлозијата.
Слично

