Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Русија до 2020 година ќе никнат 21 фабрика на БМВ

Во Русија до 2020 година ќе никнат 21 фабрика на БМВ
На заеднички кластер на територија од 1.200 хектари  во Калининград, германскиот гигант за производство на автомобили „БМВ“ и руската компанија „Автотор“ започнаа со изградба на фабрика, каде до 2020 година ќе се појават 21 фабрики, а во пет од нив ќе произведуваат автомобили. Останатите ќе се занимаваат со производство на делови, транспортна и логистичка инфрструктура, јави Руска реч. Инаку „Автотор“ започна да соработува со компанијата „БМВ“ уште во 1997 година. Во 1999 година во Калининград излегоа првите автомобили од локалната фабрика, а во август годинава „Автотор“ го произведе 100 илјадитиот автомобил „БМВ“.
Слично

Поврзани вести