Во Русија девојче преживеа снежна бура - цела ноќ гушкала куче за да се стопли
Мало девојче преживеа снежна бура во Русија. Станува збор за девојче на возраст од 10 години кое ја преживеа ноќта во силна снежна бура гушкајќи куче, пренесе Си-ен-ен.
По девојчето имало потрага, а доброволец ја пронашол следното утро, како седи во куќичка со кучето на отворено и го прегрнува за да се стопли, пренесе дршавната руска телевизија. Девојчето е пренесено во болница и утврдено дека е во добра состојба.
Слично
