Во рушевини во Доњецк најдени безживотни тела во НАТО униформи!
Во рушевините на аеродромот во Доњецк се пронајдени загинати борци во НАТО униформи, како и оружје од американско производство, изјавил портпаролот на министерството за одбрана на ДНР Едвард Басурин.
„Додека ја истражувавме зградата на аеродромот пронајдовме голема количина на оружје од американско производство. Пронајдовме и публикации на јазици од европските земји, како и книги со верски содржини“, наведува Басерин.
Тој истакнал и дека пронајдените загинати војници се борци на НАТО во униформи, во рушевините на новиот терминал/
Она што го пронајдовме кај нив сугеира дека тие биле странци кои војувале како платеници“, заклучил Басерин.
Судирот околу аеродромот во Доњецк се интензивираа во последните недели, што го навело украинскиот претседател Порошенко да нареди нова мобилизација.
Бројот на загинати од почетокот на судирите на истокот од Украина поминал 5000, изјавил портпаролот на специјалната мисија на ОБСЕ во Украина Михаил Бочуркив.
