Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Рим масовни протести поради невработеност

Во Рим масовни протести поради невработеност

На денешните протести во Рим, излегоа окулу сто илјади демонстранти повикувајќи ја италијанската влада да создаде повеќе работни места и да ја зголеми потрошувачката моќ на работниците.

Собирот го организирале трите најголеми синдикати во Италија, а тоа е првиот голем протест од тој вид откако пред два месеци на должност стапила коалиционата влада, пренесува Ројтерс. Стапката на невработеност во Италија во април достигна рекорд од 12 отсто, додека меѓу помладите од 24 години дури 40 отсто.

Лидерите на синдикатите барале од премиерот Лета помалку празна реторика, како и да преземе повеќе конкретни мерки за да го реши овој итен проблем.

„Повеќе нема време за губење. Синдикатите сметаат дека е ургентно вработувањата да се вратат како врвен приоритет на политичката и економска агенда“, стои во заедничката изјава на трите најголеми синдикати во Италија.

„Инвестициите, прераспределбата на приходите и заздравувањето на потрошувачката се суштински за поддршка на наштата економија“, стои во соопштението на италијанските синдикати.

Лидерите на синдикатите порачаа дека „во земја во која главната грижа е колку долго ќе трае владата нема повеќе време за ветувања и изјави“.

Третата најголема економија во еврозоната влезе во рецеција на крајот од 2011 година, со долг кој изнесува 120 проценти од Бруто домашниот производ.

Слично

Поврзани вести