Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Рим и Милано го ограничуваат движењето на автомобилите поради загадениот воздух

Во Рим и Милано го ограничуваат движењето на автомобилите поради загадениот воздух

Во два од најголемите и пренаселени градови на Италија- Рим и Милано е воведено ограничување за движењето на автомобилите во предпразничните и празничните денови. Причината за тоа е зголеменото ниво на загаденост на воздухот.

Шест часа за секој еден од деновите од 28 до 30 декември, во кои нема да се дозволени автомобили на улиците. Забраната важи и за мотоциклите. Се очекува овие мерки да бидат прифатени и од други италијански општини.

За да се олесни движењето на луѓето без автомобили, во Рим и Милано се намалуваат драстично цените на градскиот транспорт-билет за цел ден за сите линии веќе ќе чини само 1,5 евра.

Слично

Поврзани вести