Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во реката Ганг во Индија пронајдени 102 безживотни тела

Во реката Ганг во Индија пронајдени 102 безживотни тела
Во притока на реката Ганг на северот во Индија биле пронејдени 102 тела, меѓу кои има и голем број деца, за кои индиските власти покренаа истрака за да дознаат како тие стигнале во реката. Властите не се сомневаат дека станува збор за злосторство, туку за обичај во Индија според кој немажените девојки не се кремираат, што инаку е пракса при вообичаен погребен обичај, пренесува агенцијата „АП“. Судијата од судот во округот Унао Саума Агарвал, изјавил дека телата се во многу лоша состојба за да бидат идентификували или врз нив да биде извршена обтукција, но дека ќе се спроведат ДНК тестирања со цел да се утврди од каде потекнуваат пронајдените тела. Во текот на вчерашниот ден први телата ги забележале селани од околните села, кои пливале на речниот брег, а во нивна близина имало голем број кучиња и лешинари. Милиони Индуси во Индија практикуваат кремирање на отворено, по што пепелта од мртвите се фрла во светата, но презагадена река.  
Слично

Поврзани вести