Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во редици чекаа да купат подарок за бегалец

Во редици чекаа да купат подарок за бегалец

Во Британија се чекаа редици за да купат луѓето подарок за бегалец. 

Се купуваа се вреќи за спиење, ќебиња и соларни лампи. 

Се создаде голема гужва пред продавницата на „Чуз Лав“ (Choose Love) во Лондон, но купувачите не бараа попусти во рамки на Црниот петок, туку чекаа во ред за да купат подарок за бегалците. 

Продавницата е на здружението за помош на бегалците „Хелп рефјуџис“, а таму можат да се купат работи неопходни за мигрантите. Продавницата е поделена на три секции, а секоја од нив се однесува на различни фази од бегалските патешествија: преживување, засолниште и иднина.

„Кога ќе ја погледнете статистиката колку пари се трошат за Блек фрајдеј (Black Friday) и го споредите тоа со потребите во светот, тоа е навистина шокантно“, вели шефот на здружението Хелп рефјуџис, кој појаснува дека со продавницата за мигранти сакале да покажат поинаков поглед на конзумеризмот и на Црниот петок.

Купувачите на мигрантите можат да им понудат и правна помош или помош за обединување со други членови на семсјството и слично.

Слично

Поврзани вести