Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Во ред, добра ноќ!“ – последни зборови од кабината на авионот на Малезија ерлајнс

„Во ред, добра ноќ!“ – последни зборови од кабината на авионот на Малезија ерлајнс
Потрагата по малезискиот авион Боинг 777-200 на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ трае веќе петти ден, а информациите за исчезнатиот авион со 239 патници и членови екипажот стануваат само уште повеќе контрадикторни. Малезиските власти ја објавија последната комуникација со кабината на летот МХ370, која не сугерира дека авионот имал некакви проблеми пред да ја изгуби врската со контролата на летање. „Во ред, прием. Добра ноќ!“ - ова биле последните зборови од пилотот на малезискиот авион, кои покажуваат дека немало проблеми на летот. Информациите за исчезнатиот авион од вчера се уште повеќе контрадикторни, а потрагата беше проширена и на двете страни од малезискиот полуостров, откако радарските податоци покажаа дека авионот свртел назад и последен пат бил забележан на стотици километри од планираната рута Куала Лумпур - Пекинг. Семејствата на патниците од исчезнатиот авион се уште очекуваат некакви информации за судбината на нивните блиски, од кои најголемиот дел се кинески државјани.
Слично

Поврзани вести