Во ракетен напад во Киев загинаа седум луѓе, меѓу нив и две деца
Нови цивилни жртви има во Украина. Загинаа две деца и пет возрасни при ракетен напад во украинскиот главен град Киев.
Ракетниот напад се случи во рурално станбената област Маркхаливка.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко им се обрати на сограѓаните преку видеоснимка и им порача дека градот е подготвен да се брани од непријателски напад.
„Пријатели! Ја зајакнавме одбраната на Киев, подготвени сме да се одбраниме во случај на непријателски напад. Денеска поминав низ неколку контролни пунктови поставени за одбрана на градот. Војниците, бранителите, полицијата и другите безбедносни сили се подготвени и ќе го брани главниот град, срцето на Украина“, истакна Кличко.
Имаше и обвинување дека руските војници во Херсон силувале жени.
