Во Прага Меркел за влакно избегна атентат?
Во главниот град на Чешка, Прага синоќа бил спречен обид за атентат на германската канцеларка, Ангела Меркел, која пристигна за да се сретне со чешките лидери.
Полицијата уапсила вооружен маж кој се обидел да влезе во колоната со возила во која што била Меркел.
Британски „Мирор“ пишува дека уапсениот маж возел црн автомобил марка „Мерцедес“ и во еден момент со својот автомобил се обидел да се инфилтрира меѓу автомобилската придружба на германската канцеларка која што била во официјална посета на земјата. Локални полициски службеници откриле дека човекот бил уапсен под сомнение дека планирал да изврши злосторство „против високи функционери“
Случајот го истражуваат детективите од полицијата во Прага.
Слично
