ВО ПОРТУГАЛИЈА СИТЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ: Но, војната се уште не е завршена, предупредува адмиралот Енрике Гувеја е Мело
Успешната
програма за вакцинација во Португалија ја води Енрике Гувеја е Мело, поранешен
командант на подморничката единица, кој вчера изјави дека земјата од септемви
наваму е лидер во вакциналниот процес против корона вирусот. Од вкупното
население кое брои 10.3 милиони, вакцинирани се над 86 проценти.
-Веруваме дека стигнавме до точка на групна заштита и речиси целосен колективен имунитет”, Работите изгледаат навистина добро, изјави адмиралот.
На 1 октомври, Португалија ги укина речиси сите ограничувања. Бројот на новозаразени лица брзо опадна, на само околу 650 дневно, и речиси без смртни случаи.
Кампањата во оваа земја успеа и покрај фактот дека ги имаше истите пречки како и некои други земји. „Првото нешто беше да им објаснам на луѓето дека ова е војна и дека нема никаква врска со политиката и политичарите“вели Е Мело.
Сепак, тој предупредува дека и покрај големиот опфат на вакцинација, војната се уште не е завршена за остатокот од светот и дека се уште треба да се внимава.
