Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Португалија се враќа 35 часовната работна недела

Во Португалија се враќа 35 часовната работна недела

Португалскиот парламент одобри враќање кон 35-часовна работна недела за вработените во јавниот сектор.

Тоа беше ветено и исполнето од социјалистите, кои се на власт од ноември. Одлуката ќе стапи на сила на 1 јули за поголемиот дел од вработените. Предлогот беше усвоен со гласовите на владејачката Социјалистичка партија и нејзините парламентарни сојузници од радикалната левица, додека десничарската опозиција гласаше против.

Претходно беа зголемени работните часови за државните службеници до 40 часа,  за да се израмнат со приватниот сектор и со цел штедење.

Но, враќањето кон 35-те часа сега треба да се направи без дополнителни трошоци за државниот буџет, пишува во текстот, усвоен во четвртокот.

Слично

Поврзани вести