Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ПОРТУГАЛИЈА СЕ ШИРИ ДЕЛТА, ГЕРМАНИЈА ЈА СТАВИ НА ЦРВЕНАТА ЛИСТА: Европската Комисија критикува

ВО ПОРТУГАЛИЈА СЕ ШИРИ ДЕЛТА, ГЕРМАНИЈА ЈА СТАВИ НА ЦРВЕНАТА ЛИСТА: Европската Комисија критикува

По забрзаното ширење на делта варијантата во Португалија, со одлука на канцеларката Ангела Меркел, Германија ја стави на „црвената листа“, но ваквиот чекор според Европската Комисија не е во согласност со европскиот пристап.

-Сите европски членки треба да се консултираат и да ги координираат своите активности при воведување на здравствените мерки и дека треба да избегнуваат забрани за движење Мерките преземени од Германија не се во согласност со таквиот пристап. Многу е јасна препораката за мерките што треба да се преземат при повлекување на „сопирачките во итни случаи“, односно за карантин и тестови“, соопшти ЕК.

Инаку, од утре 1.јули стапува на сила европскиот здравствен сертификат, што ќе го олесни патувањето во рамките на Европската Унија.


Слично

Поврзани вести