Во Португалија повлечени 79 тони производи со коњско месо
Португалските власти запленија 79 тони смрзнати готови јадења на база на јунешко месо во кои се пронајдени траги на коњско месо, поради што се поднесени пет прекршочни пријави поради вмешаност во недозволена трговија.
Во извештајот на португалската Агенција за безбедност на храната АСАЕ, се наведува дека најголема количина непрописно обележана смрзната храна е пронајдена во фирмите за подготовка, амбалажа и дистрибуција на производи на големите трговски синџири.
Санитарната агенција почнала истрага пред неколку недели, и во продавниците пронашла 18.839 пакети производи на база на јунешко но и во која се пронајдени траги на коњско месо, пред се во лазањите, хамбургерите, канелоните и ќофтињата.
Слично
