Во Португалија и Британија имало пациенти кои истовремено биле заразени со две варијатни на коронавирусот
Во Португалија и Британија имало луѓе кои истовремено биле заразени со две варијатни на коронавирусот.
Двојна инфекција е регистрирана кај 90-годишна жена која се разболела од алфа и бета варијантата, првпат идентификувани во Велика Британија и Јужноафриканската Република.
Жена која починала во март 2021 година во Белгија не била вакцинирана, а нејзините лекари веруваат дека таа е првиот идентификуван случај на двојна инфекција. Тестовите покажале дека жената била инфицирана со алфа и бета сојот на вирусот, пренесува „BBC“. Таа живеела сама во домот, а за неа повремено се грижеле медицински сестри. Откако неколку пати паднала во домот, сместена била во болница во Алст на почетокот на месец март, каде е тестирана и била позитивна на коронавирусот. На почетокот ситуацијата била добра, но потоа здравствената состојба нагло се влошила, па жената починала за пет дена.
„Во тоа време и двата соја циркулираа во Белгија, па се верува дека ја заразиле две личности“, објаснила Ана Ванкерберген, молекуларен биолог од болницата во Алст која ја објавила студијата.
Во Португалија неодамна е лекуван тинејџер кој бил заразен со друга варијанта на коронавирусот, додека сè уште закрепнувал од првата инфекција.
foto freepik
