Во понеделник три милијарди евра влегуваат во Кипар
Во понеделник Кипар ќе ја добие првата транша помош во износ од три милијарди евра од спасувачкиот план, изјави европски официјален претставник.
„Има политички договор за таа исплата за Кипар“, истакна истиот извор, кој барал да остане анонимен.
Освен тоа во понеделник министрите за финансии од еврозоната се ошекува да ги одобрат и двете спасувачки транши помош за Грција од 4,2 милиони евра во мај и 3,3 милијарди евра во јуни, посочил истиот европскиот претставник.
Слично
