Во Полска тргнато знамето на ЕУ од седниците на Владата
Новата влада на Полска, на чело со премиерот на земјата Беата Шидло, нарекувана „полската Меркел“ престанала да го изложува во салата, каде што заседава и во салата за прес-конференции официјалното знаме на Европската унија, соопшти Агенцијата „Франс прес“.
Пред тоа синото европско знаме присуствуваше во секоја изјава на владата и државните институции. „Ја усвоивме оваа одлука, затоа што сакаме седниците на Владата и барањата на министрите по нив да даваат изјави на прекрасната позадина на бело-црвено национално знаме“, изјавила Беата Шидло.
Таа потврди дека нејзината земја е активен член на ЕУ и НАТО, но додаде дека ќе спроведува политика, од која најмногу ќе добијат граѓаните на Полска. Соборувањето на европското знаме сепак се толкува од европските медиуми како манифестација на евроскептицизам и ладење на односите помеѓу Варшава и Брисел.
