Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Полска расте интересот за служење војска, се пријавуваат и мажи и жени

Во Полска расте интересот за служење војска, се пријавуваат и мажи и жени

Расте бројот на полски граѓани кои сакаат да служат војска. Ова се случува откако Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Значително повеќе мажи и жени во Полска сакаат да се приклучат на армијата по руската инвазија на Украина, покажуваат податоците на Министерството за одбрана во Варшава, јави ДПА. Во последната недела од февруари, 2.200 луѓе се пријавиле да служат во вооружените сили, соопшти денеска Министерството. Претходно, имаше околу 400 апликанти на неделно ниво. Зголемен е и интересот за Територијалните одбранбени сили, чии волонтери имаат вежби еден викенд месечно. Полска дели граница долга повеќе од 500 километри со Украина и моментално прима стотици илјади бегалци од соседната земја.  Веќе шест дена руските трупи војуваат со украинските војници во Украина. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести