Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Полска откриена најголемата фабрика за лажни стероиди

Во Полска откриена најголемата фабрика за лажни стероиди

Полската полиција ја ликвидираше најголемата фабрика во светот за производство на лажни медицински препарати - стероиди и лекови кои ја зголемуваат импотенцијата - во градот Бидгошч во централниот дел на земјата.

Под сомневање за организирање и учество во активностите на криминална група за производство и трговија со лажни лекови се приведени 14 лица, соопштуваат од главната служба на полицијата.

„Вработените во безбедносните сили ја ликвидираа првата во Европа и најголема во светот нелегална фабрика за фармацевтски производи и криминална група која се занимавала со производство и трговија со стероиди и лекови кои ја зголемуваат импотенцијата“, се вели во соопштението.

Во фабриката биле откриени десетици илјади фалсификувани лекови. Произведените лекови „не исполниле никакви норми и може да се опасни за здравјето и животот“.

Слично

Поврзани вести