Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Перу градежници срушиле пирамида стара повеќе од 4 илјади години

Во Перу градежници срушиле пирамида стара повеќе од 4 илјади години

Властите во Перу објавиле дека градежници срушиле пирамида, висока шест метри, во најстариот археолошки локалитет што се наоѓа во близина на главниот град Лима.

„Пирамидата е срушена со тешка механизација, а двете компании што работеле на теренот ќе добијат кривични пријави“, изjави заменик-министерот за културно наследство Рафаел Варон, пренесе „Би-би-си“.

Настанот се случил минатиот викенд на локалитетот на древниот град Ел Параисо, кој се состоел од 12 пирамиди.

Археолошкиот локалитет е стар повеќе од 4 илјади години и претставувал верски и административен центар многу години пред подемот на културата на Инките.

„Нема да дознаеме како била конструирана пирамидата, какви материјали биле користени, каква била нејзината внатрешност и за што била користена. Со ова ѝ е нанесена ненадоместлива штета на перуанската историја“ изјави Марко Гилен, директор на ископувањата на Ел Параисо.

Како што информира Варон, градежниците се обиделе да урнат уште три пирамиди, но граѓаните ги спречиле.

Пирамидите се наоѓале на земјоделско земјиште и воопшто не биле заштитени.

Слично

Поврзани вести