Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Пекинг за 12 евра странците ќе можат да примат вакцина

Во Пекинг за 12 евра странците ќе можат да примат вакцина

Kинескиот град Пекинг на странците  им нуди кинеска вакцина против коронавирус. 

Странците без осигурување со поддршка од градот ќе платат 93,5 јуани (12 евра) за вакцина во две дози, а оние што се опфатени со осигурувањето ќе бидат вакцинирани бесплатно.  Од четирите кинески вакцини одобрени за јавна употреба, три се во категоријата деактивирани. Две се од одделот на Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) и една од компанијата „Синовак биотек“. Милиони дози произведени од „Синофарм“ и „Синовак“ се испратени во странство преку извоз или донации. Коронавирусот лани се појави во Вухан во Кина. 

Слично

Поврзани вести