Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во пегли од Кина се вградуваат чипови за шпионажа!

Во пегли од Кина се вградуваат чипови за шпионажа!
Во апаратите за домаќинство увезени од Кина, Руси пронашле вградени микрочипови кои емитуваат податоци до безжични мрежи. Како што објави британскиот весник „Дејли мејл“, властите во Санкт Петербург наводно пронашле апарати за загреење вода и пегли со микрочипови, кои испраќаат податоци на кинески сервери. Уредите се откриени, откако е утврдена разлика во тежината на некои од апаратите за неколку грама. Тоа не би предизвикало никаков сомнеж доколку стануваше збор за поголеми апарати, но таква разлика е небообичана кај евтините мали уреди, како што се пеглите. Ова откритие е објавено само неколку дена, откако Европската унија покрена истрага по извештаите на италијанските медиуми, дека со помош на подароци, како на пример кадифени мечиња, нотеси и УСБ стикови, Русија шпионирала стотици странски делегати на самитот на Г-20 во септември во Санкт Петерсбург. Портпаролот на Европската комисија, Фредерик Венсан изјави дека експертите ги испитуваат подароците кои Русија им ги давала на учесниците на самитот, но дека досега „анализата на хардверите и софтвери не предизвикала сериозна безбедносна загриженост“.Истрагата се уште не е завршена.
Слично

Поврзани вести