ВО ПАНДОРИНИТЕ ДОКУМЕНТИ И КАНАДСКИОТ КРАЛ НА ПОРНОГРАФИЈАТА: Осум земји покренуваат голема истрага
Тајно богатство и
милијарди скриени од јавноста преку офшор сметки од светски лидери и други
моќни луѓе се главната тема по обелоденување на Пандорините документи кои се ново
име за протекување на документи што го откриваат тајното богатство на околу 35
светски лидери, и минати и сегашни, и повеќе од 300 службеници ширум светот.
Меѓу нив се Тони Блер, Андреј Бабиш, Владимир Путин и неговите соработници, јорданскиот крал Абдула Втори, колумбиската пејачка Шакира, германската супермоделка Клаудија Шифер, како и руската телевизиска режисерка и номинирана за Оскар, Константин Ернст и уште многу други познати имиња.
Според Торонто Стар, документите на Пандора споменуваат стотици Канаѓани, а меѓу нив е и Дејвид Тасило, ко-основач на Порнхаб, една од најпопуларните порнографски страници во светот.
Документите на Пандора го откриваат статусот на Канада како земја која полека или воопшто не ги испитува и ги тужи оние кои го искористуваат тајниот статус на офшор компаниите за да платат мито, да избегнат данок или да перат пари.
Канадската даночна служба пресмета дека губи околу 3 милијарди долари од даночни приходи годишно поради офшор сметки што ги држат богатите Канаѓани. Кога на ова ќе се додадат 11,4 милијарди долари поради корпоративната употреба на оф-шор компании, канадските даночни раеви чинат околу 15 милијарди долари годишно.
Во следните неколку дена, „Торонто Стар“ планира да објави извештаи за водечките оф-шор играчи во светот - од осуден измамник до наводен трговец со оружје...
Барем осум земји почнуваат истраги за пандораните документи, односно истраги за финансиските активности на некои од нивните најистакнати граѓани и институции што се појавиле во документите на Пандора. Пакистан, Мексико, Шпанија, Бразил, Шри Ланка, Австралија и Панама побрзаа да ветат истрага, додека невладините организации ширум светот бараат акција откако приказните открија како милијардерите, политичарите и криминалците експлоатираат офшор компании кои служат за затајување данок и за перење пари.
