Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во овој град за 14 часа се ранети 44 луѓе

Во овој град за 14 часа се ранети 44 луѓе

За само 14 часа, вчера 44 лица се ранети во Чикаго, а петмина се убиени, објави Си-ен-ен.

Најстарата ранета личност има 62 години, а најмладата има само 11 години. За само за три часа, од 1:30 до 4:30 часот, имало дури 30 застрелани и двајца загинати во 10 инциденти.

„Градот Чикаго доживеа насилна ноќ“- изјави шефот на одделот за патрола, Фред Волер. 

Тој вели дека некои од овие случаи се намерни и поврзани со конфликти со бандите во овие реони. 

Волер вели дека престрелките се намалиле за 30 отсто од 2017 година, додека убиствата се намалени за 25 отсто.

Слично

Поврзани вести