Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во овие пет земји се живее богато, можете таму да заминете

Во овие пет земји се живее богато, можете таму да заминете

Многу луѓе сакаат да заминат надвор во потрага по поубав живот. 

Сепак, не може точно да се каже каде е најдобро да се почне нов живот, но има пет земји кои се оценети како најдобри. Тие се избрани врз основа на општествена стабилност, број на непријатели, економска слобода и можности, слобода на изразување, задоволство, трошоци за живот, добивање на визи и државјанства, изолација од војни. 

На листата се: Костарика, Шведска, Малезија, Чиле и Тасманија. 

Костарика е земја која има многу овошје и голема количина вода затоа што се наоѓа меѓу Тихиот океан и Карибите. Сета струја се создава од хидроелектрани. 

Ако еврото пропадне, Шведска нема да биде погодена затоа што не ја користи валутата, туку шведската круна. Освен шведски, таму ќе ви помогне многу и англискиот јазик. 

Малезија е меѓу земјите со најмоќна економија во Азија. Со скромен буџет може да се живее убаво. Во земјата имаат многу вкусна улична храна. 

Чиле во Јужна Америка е најстабилна земја. Таа е безбедна, мирна, и има ниско ниво на корупција. 

Тасманија е островска земја во состав на Австралија и има скоро милион жители. Земјата има вода, плодна почва и е далеку од војни. 

Слично

Поврзани вести