Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во оваа земја секој ден по еден лекар умира од корона

Во оваа земја секој ден по еден лекар умира од корона

Во Боливија секој ден по еден лекар умира од коронавирусот. 

Лекарите бараат владата да воведе строго затворање на земјата и се закануваат дека ќе престанат да примаат нови пациенти, затоа што има нагло зголемување на случаите на Ковид-19, при што просечно умира по еден лекар на ден, а здравствениот систем е пред пукање, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на нови дневни случаи на коронавирус во Боливија, која вчера ја прими првата серија руски вакцини „спутник V“, достигна рекорд од 2.866 оваа недела, а бројот на починати се искачи на повеќе од 10.000. Сега има голема гужва пред и во болниците во боливиските градови, а натписите на вратите и sидовите ги предупредуваат сите дека нема место за нови пациенти. Лекарите очекуваат целосен колапс. 

Земјите од Латинска Америка се погодени од вирусот. На 11-то место во светот по бројот на заразени  е Колумбија, 12-та е Аргентина, а зад неа е Мексико. На 18-то место е Перу. Боливија е на 52-та позиција во светски рамки по бројот на заразени. 

Слично

Поврзани вести