Во оваа земја поради горештините поставија тушеви на јавни места
Локалните власти во Ирак поставија тушеви на јавни места во повеќе градови.
Метеоролозите во Ирак предупредија дека температурите во следните неколку дена ќе се искачат до 51 степен.
Шефот на националната метеоролошка служба, Хајдер Хабиб, изјави дека температурата достигнала до 50 степени на југот на земјата. Најтопли градови се Басра и Мајсан.
Државата вообичаено се соочува со екстремни температури во текот на летото и електрични прекини кои го отежнуваат животот на населението.
Слично
