Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во оваа земја на секои седум минути има по една жртва на коронавирусот

Во оваа земја на секои седум минути има по една жртва на коронавирусот

На секои седум минути по еден човек умира од коронавирусот.  Ваква е состојбата во Иран. 

Министерство за здравство на Иран објави дека досега починале 14.405 луѓе, додека Би-Би-Си зборува за скоро 42.000 жртви.

Бројот на заразени е скоро двојно поголем од официјалниот број.

Коронавирусот е потврден кај 451.024 луѓе, а не 278.827.  Иран е најтешко погодената земја од коронавирус на Блискиот Исток.

Во последните неколку седмици Иран се соочи со раст на бројот на заразени.

Првиот смртен случај во Иран е регистриран на 22 јануари. 

Поминал скоро еден месец пред официјално да се објави дека коронавирусот се појавил во земјата.

Во Ирак пак мртвите се погребуваат во пустина, и секој ден има по 80 тела. 

СЗО предупреди дека е можно никогаш да не се најде решение за коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести