Во оваа земја бензинот е поефтин од водата!
Во Обединетите Арапски Емирати (ОAE) заедно со намалувањето на цените на нафтата поевтини и бензинот.
На крајот на јануари бензинот во Емиратите веќе стана поевтин од водата за пиење, пренесоа агенциите.
Од Министерството за енергетика на ОАЕ соопштија дека литар од масовниот бензин „Special“ (аналог на А-95) веќе чини 40 центи, наспроти 50 центи пред половина година. Во исто време цените на храната и водата се зголемија.
Литар газирана вода, на пример, е два пати поскапа од литар бензин. Литар минерална вода, пак, е од пет до осум пати поскапа од литар бензин.
Ситуацијата принудува Власите во ОАЕ да наметнат фиксни цени на прехранбените производи.
Поевтинувањето на бензинот не се поддржува од еколозите во емиратите. Тие се загрижени дека најевтиниот бензин ќе го направи беспредметно користењето на повеќе еколошки патен транспорт.
„За жал главна причина за купување на такви автомобили остануваат личните убедувања на возачите“, изјави за новинарите Екологистот Хасан Галадари, цитиран од „OFFNews“.
