Во отцепен регион во Молдавија има 1.500 руски војници, Украина стравува од провокации
Русија би можела да користи војници во Молдавија за акции и провокации долж границата, тврдат украинските власти.
Информацијата ја објави Генералштабот на вооружените сили на Украина. Велат дека Русија може да ги искористи своите војници во отцепениот регион Придњестровје во Молдавија за акции и провокации долж границата со Украина. Се проценува дека таму има околу 1.500 руски војници. Русија има стационирани војници на спорната територија, која се отцепи од Молдавија по кратката граѓанска војна во раните 1990-ти и која повеќето земји не ја признаваат.
Украинските власти во неколку наврати соопштија дека апетитите на Русија растат и дека рускиот претседател Владимир Путин нема да запре.
Денеска е 38-от ден од почетокот на војната во Украина.
