Во октомври лани имало најмалку нови случаи на Ковид -19
Најмалку нови случаи на коронавирус во светот имало од октомври лани, објави Светската здравствена организација.
Во светот денеска се пријавени 351.335 нови случаи во споредба со регистрирани 86.0737 на 7 јануари. Бројот на починати се намали од 17.649 на 26 јануари на 10.957 на 16 февруари. Новите случаи се намалуваат во САД до просечно 77.883 нови инфекции на ден. Тоа е 31 процент во споредба со најголемиот број случаи пријавени на 8 јануари. Во САД, 27.9 милиони се заразени и 490.795 луѓе починаа од почетокот на пандемијата, што е најмногу во светот.
Сега во светот се шират мутации на коронавирусот, кои ќе влијаат на процесот на имунизација.
foto freepik
Слично
